Само 167 скопски Евреи ја преживеале депортацијата за време на Холокаустот, една од најтрагичните страници во историјата на Македонија.
На денешен ден во 1943 година, бугарските фашистички власти, кои тогаш ја окупирале Македонија, организирале масовна акција во која биле уапсени и собрани Евреите од Скопје, Битола и Штип. Вкупно 7.144 македонски Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, каде што речиси сите биле убиени.
Нивниот имот бил систематски присвојуван.
Трагедијата на македонските Евреи останува траен потсетник на злосторствата извршени за време на бугарската окупација и на потребата никогаш да не се заборават жртвите на Холокаустот.
„Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност”, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата македонски Евреи.

