Дел од жителите на општина Гази Баба денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од високата и ниската зона на улицата „Јани Лукровски“ во населбата Автокоманда.
Од јавното претпријатие посочуваат дека прекинот е поради промена на вентили од 2,5 цола во шахта на адреса „Јани Лукровски“ бр. 14/1.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата и санирањето на дефектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
