Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » (Видео) Да се решат глувците, но и да се сокријат лицата поради кои тие се појавија по скопските улици
    Скопје

    (Видео) Да се решат глувците, но и да се сокријат лицата поради кои тие се појавија по скопските улици

    24/10/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уште глувци и стаорци фалеа на скопските улици. Граѓаните почнаа да споделуваат на социјалните мрежи и по некое видео како глодарите шетаат околу купиштата ѓубре.

    Особено е алармантно што дете беше и каснато од глушец во близина на училиште каде имало многу насобрано отпад. Ова е крајно опасно. Ова е недозволиво. Ова бара итна реакција на надлежните служби.
    Глувците и стаорците се преносители на сериозни заразни болести. А познато е дека овие глодари се размножуваат со неверојатна брзина и во огромни бројки.

    Сите надлежни институции треба најитно да се координираат и да извршуваат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Секако и да го отстранат жубрето од скопските улици.

    Втора работа што треба да се направи е Обвинителството и МВР откако веќе го проверуваа работењето на ЈП „Комунална хигиена” работата да ја завршат до крај. Да се открие зошто дојде до оваа ситуација и сите кои работеле незаконски и несовесно да бидат казнети.

    Доста е со префрлање на вината меѓу разните политички актери и функционери. Треба да се дознае кој е навистина виновен. Лицата поради кои се појавија глувци низ Скопје не треба да им се остави да се сокријат.

    глувци ѓубре староци улици скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ги затворија ли дивите депонии во Скопје, го следи ли инспекцијата теренот или и летово ќе броиме пожари и ќе бараме виновници?

    17/04/2026

    Расадник добива модерна градинка со капацитет за 120 деца

    16/04/2026

    Се реконструира и ќе се осветли крак на „Трета македонска бригада“ во Аеродром

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.