Изборната кампања во Македонија е во полн ек. Денеска е четвртиот ден откако партиите и кандидатите за престојните локални продолжуваат да ги преставуваат своите програми. По првичните митинзи и останатиот вид на политичко претставување, граѓаните имаат забелешки во кој правец оди дел од кампањата. „Многу се зборува за централни теми, а помалку за она што не мачи во градовите”, „Се спушти нивото на настапи кај некои политички актери, тоа не е добро”, „Не ни требаат препукувања на партиите, туку понудени решенија за локалните проблеми”…, се некои од конкретните забелешки кои се изнесуваат преку социјалните мрежи. Инаку, изборната кампања ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Ќе се гласа на 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
