Градоначалниците на Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, денеска најавија реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата „Лазар Трповски”, во вкупна должина од еден километар.
Според Меџити, предвидена е целосна реконструкција на улицата, со велосипедски патеки од двете страни, нови тротоари и паркинг-места за околу 200 возила. Проектот опфаќа и реконструкција на
постојниот кружен тек, како и изградба на уште два нови – кај основното училиште „Исмаил Ќемали” и кај крајната крстосница, истакна Меџити. Во рамки на проектот ќе биде поставено и ново улично осветлување.

