Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија”. Во рамки на активностите, се отстранува и старото детско игралиште во делот зад објектот „Краш”, а таму ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра.
Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, објаснија од Општина Центар.
На целиот потег ќе се изврши целосно поплочување, а предвидена е и изведба на хидроизолација над подземните гаражи, со цел решавање на проблемот со протекување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
