Битола и овој понеделник, 29 декември, нуди разновидна празнична програма во рамки на „Зимска приказна“, со настани на повеќе локации низ градот, наменети за сите генерации.
Дневната програма на Старата чаршија започнува во 12 часот со настап на група Амалија, по што следуваат група Конзули од 13 до 14 часот и Модус бенд од 14 до 15 часот. Од 15 до 16 часот публиката ќе може да ужива во настапот на Чалче и Тајфата.
Вечерната програма на Офицерски дом започнува во 19 часот со новогодишна караоке-соба, која ќе трае до 22 часот. Во истиот термин, од 19:30 до 20:30 часот настапува Екстра бенд, од 20:30 до 21:30 е концертот на Деспина, а од 21:30 до 22:30 ќе настапи групата The Groove. Вечерта ќе биде заокружена со настап на Ѓоко Танески од 22:30 до полноќ.
