Автор: K.

–Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор, нема бегање од тоа и ќе се спроведувам тоа, изјави денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација. Тој, во македонското Собрание, одговори на пратеничко прашање на Елми Азири од опозициската коалиција „Европски фронт“. Азири рече дека предложениот закон за соодветна и правична застапеност нема да ја помине предвидената парламентарна процедура. –Законот има недостатоци и тој не е ставен на увид пред пратениците со намера да не може амандмански да се дејствува, бидејќи прво бил испратен за мислење во Венецијанската комисија, нагласи Азири, додавајќи дека законот, кој има…

Прочитај Повеќе

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик. -Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?, праша Филипче. Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања. -Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците…

Прочитај Повеќе

На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на состанокот. Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласил дека одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. -Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците, потенцирал Муцунски. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, фокусот на дискусијата бил ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство…

Прочитај Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение до Основниот суд во Скопје против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 јуни, во семејниот дом во скопската населба Драчево, извршил насилство врз неговата малолетна ќерка родена во 2021 година, нанесувајќи ѝ телесни повреди. Како што информира Обвинителството, инцидентот се случил додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со своите сестри. Во еден момент, девојчето се качило на креветот во дневната соба за да земе играчки, што предизвикало реакција кај обвинетиот,…

Прочитај Повеќе

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2025 година изнесува 338.832 МWh, што претставува 73,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика. Во април 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 460.185 МWh електрична енергија, 6.785 милиони nm3 природен гас, 305.848 тони јаглен и 101.241 тони нафтени продукти. Во април 2025 година во однос на април 2024 година, вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 45,9%, а на нафтени продукти е зголемена за 18%.

Прочитај Повеќе

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во општина Касандра“. Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт. Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на…

Прочитај Повеќе

Трет ден активен е пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На пожарот во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума екипите на „Национални Шуми“ интервенираат со моторни возила. Како што информираат од РЦУК, вработените од кумановската подружница успеале да го локализираат пожарот и да спречат да се прошири кон Лојане. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар на запалена сува трева, жито и лозје во атарот на селата Клечовце-Дозвезнце. Сува трева горела и кај улицата „Инудстриска“ во Куманово, ја гаселе пожарникари од ТППЕ Куманово кои исто…

Прочитај Повеќе

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 41 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура од 41 степен Целзиусов. Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме…

Прочитај Повеќе