Асфалтирани се седум улични краци во населеното место Ново Село во Општина Ѓорче Петров. Со проектот е поставен нов асфалт во должина од околу два километри во близина на црквата „Св. Архангел”. Со ова се решава долгогодишниот проблем со калливата подлога и се подобрува безбедноста за жителите. Проектот е дел од програмата на општината за подобрување на локалната инфраструктура. Од Општина Ѓорче Петров велат дека активностите ќе продолжат и во други населени места.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
