Од вечерва па до сабота, под влијание на Средоземен циклон, цела Македонија ќе биде зафатена од силно невреме со обилни врнежи. Истовремено од исток ќе продира многу ладен воздух со засилен ветер и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. Температурите утре и во петок ќе се движат во интервал од 0 до 10 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
