Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите
Вардариште и Дрисла. Ова денеска лично го потврди премиерот Христијан
Мицкоски.
„За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја
користеле илегалната депонија Вардариште. Од вчера има приватна агенција за
обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Обезбедивме
градежна механизација која ќе биде во полн состав таму“, рече Мицкоски.
Тој се сомнева во тоа како избувнувал во Дрисла каде раководи кадар на ДУИ.
„Дрисла вчера речиси беше санирана. Но повторно се распламти. Чудно е како
во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви
работи. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази, како е можно пожар кој
беше речиси смирен, наеднаш да се распламти“, додаде Мицкоски.
