Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»На крајот на месецот истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена струја
    Економија

    На крајот на месецот истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена струја

    15/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

    -Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство, посочуваат од Министерството.

    Потребна документација: Пополнето барање (Обрасци 1, 2, 3 и 4 – според категоријата – домаќинство со едно или повеќе лица со попреченост со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице); Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар; Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток; Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година; Фотокопија од лична карта на барателот; Фотокопија од лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член/членови од домаќинството) .

    -Изјавата за веродостојност и обрасците се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот „Јавни огласи“ (www.energy.gov.mk). Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста, прецизираат од Министерството.

    Повеќе информации, додаваат, може да се најдат на  www.energy.gov.mk или на телефоните за контакт 071 319 074 и 070 381 162 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот или, пак на електронската пошта : ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.