По распишувањето на локалните избори, од Државната комисија за спречување на
корупцијата потсетија на забраните и ограничувањата што важат за време на изборите.
Меѓу клучните се:
– Забрана за нови инвестиции и вонредни исплати.
– Забрана за користење државни ресурси за кампања.
– Забрана за поткуп – строго се забранува давање пари, подароци или други бенефиции за
влијание врз гласачи.
– Ограничувања пред и за време на кампања – 20 дена пред почетокот на кампањата до
крајот на изборите нема јавни настани за отворање објекти финансирани од државата;
ДКСК ќе го следи целиот процес, ќе пријавува прекршувања и ќе бара постапување од
надлежните органи, а граѓаните и медиумите се повикани да пријавуваат сомнителни
активности за време на изборниот период
