Првиот круг од локалните избори за избор на градоначалници и членови на советите на
80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври.
Откако во саботата, претседателот на Собранието, Африм Гаши ги распиша локалните
избори, почнуваат да течат законските рокови, според Изборниот законик, кои
учесниците во процесот мора да ги почитуваат.
Во општините каде што ќе има потреба за втор круг – тој ќе се одржи на 2 ноември.
Досега кандидати за градоначалник на Скопје објавија од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ, од
ДУИ, од ВРЕДИ, а се очекува наскоро името на својот кандидат да го објави и Левица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
