Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Нацрт-законот за обновливи извори на енергија на јавна расправа до 30 август
    Економија

    Нацрт-законот за обновливи извори на енергија на јавна расправа до 30 август

    11/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори на Единствениот национален електронски регистар на прописи. Јавната расправа за Нацрт-законот преку кој сите заинтересирани граѓани, стручна јавност и релевантни чинители можат да достават свои мислења и предлози трае до 30 август 2025 година, а целосниот текст е достапен на веб-страницата на Министерството и на ЕНЕР.

    Како што соопштија од Министерството, со овој закон ќе се уредуваат обновливите извори на енергија како посебна и комплексна област, одвоена од другите енергетски закони.

    -Овој закон претставува стратешки чекор напред, со кој обновливите извори на енергија за првпат се уредуваат во посебен закон (Lex specialis), одвоен од останатите енергетски закони – по примерот на голем број земји од регионот и ЕУ. Причината е јасна: обновливите извори на енергија (ОИЕ) претставуваат сложена, но сè поважна и динамична област, со огромно влијание врз економијата, екологијата и енергетската независност, се наведуваа во соопштението.

    Најзначајните новини во Нацрт-законот вклучуваат воведување на нов финансиски механизам наречен „Договор за пазарно порамнување на разликата“ (two-way contract for difference). Овој механизам гарантира финансиска стабилност за производителите на енергија од обновливи извори и ги штити потрошувачите од екстремни ценовни флуктуации.

    Дополнително, како што соопштуваат од Министерството, законот првпат целосно го регулира системот на нето-мерење (net metering) и нето-пресметка (net billing). Преку овие механизми, вишокот на произведена енергија може да се користи за следните периоди како енергетски депозит или како финансиско намалување на сметките, што овозможува поголема енергетска ефикасност и активна улога на потрошувачите како производители.

    Во законот се вградени и мерки за поддршка на долгорочни инвестиции, развој на обновлива енергија во сектори како греење, ладење и транспорт, како и регионална соработка за интеграција на обновливите извори во енергетските пазари со гаранции за потекло на енергијата. Поставени се и обврзници за одржливост и намалување на емисиите на стакленички гасови.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.