Денес се соочуваме со нов бран на популизам и лажен национализам од ДУИ, партија која 22 години ветуваше еднаквост и напредок, но донесе само корупција, угнетување и стагнација, изјави денеска на прес конференција Арбен Фетаи.
-Нивната нова реторика, предводена од Али Ахмети и Бујар Османи, е очаен обид да се одвлечат вниманието на гласачите од нивните неуспеси и да се манипулираат граѓаните со страв и поделба. Кога Али Ахмети вели „ќе се случи, народот“, тој оживува опасна, озлогласена фраза, првпат употребена од Слободан Милошевиќ во 1988 година за поттикнување омраза и конфликт во поранешна Југославија. Ова не е само реторика. Ова е опасен повик што го загрозува мирот и единството што, заедно со меѓународните партнери, макотрпно ги изградивме во Северна Македонија. Кога Бујар Османи, постојаниот министер на ДУИ, ни зборува за „референдум“, тој има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од неговото корумпирано минато за кое никогаш не дал отчет. ДУИ, која некогаш се прогласи за „зелена“ или „мултиетничка“ партија со огранок во Делчево на границата со Бугарија каде што нема Албанци, сега се свртува кон измамнички популизам, кон лажен национализам, прогласувајќи кризи што самата ги создаде за време на нејзините две децении на власт, рече Фетаи.
