Изложбата „Цвеќе на мирот“ на македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин денеска беше отворена во галеријата „Метаноја“. Идејата за изложбата, според авторот, е да се одбележат 80 години од фрлањето на атомските бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки.
Неговата мисија со „Цвеќе на мирот“ почнала пред 40 години, а досега над 70 илијади цвеќиња на мирот подарил на политичари, просветни и здравствени работници, од сите генерации.
– Да се спречат сите војни во светот. Да има мир, особено за младите генерации. Да живеат во поубав и посреќен свет, порача Цветин. Тој упати порака од Скопје – градот на солидарноста до сите држави кои поседуваат нуклеарно оружје – мир и љубов меѓу луѓето, рече Поповски – Цветин.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
