Независните граѓански иницијативи од Скопје формираат партии со цел учество на локалните избори. „Зелен хуман град “ кои настапуваат независно на овие локални избори, но и „Шанса за Центар“ кои формираат партија заедно со „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ го почнаа процесот на собирање 1.000 потписи за основање на политичка партија. Граѓанските иницијативи ги повикуваат граѓаните да се вклучат во процесот преку потпишување за формирањето на партија како поддршка против системското отежнување за нивно учество на локалните избори. Од независните граѓански иницијативи велат дека процесот на собирање е веќе во тек и дека секој еден потпис е важен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
