Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Сиљановска-Давкова: Безбедноста на државата е стабилна и под контрола
    Гордана Сиљановска-Давкова ФОТО/Фејсбук профил на претседателката на РСМ
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Безбедноста на државата е стабилна и под контрола

    01/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа.

    Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’.

    -Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната  безбедност е стабилна и под контрола и во земјава и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што често слушаме сецесионистичка реторика, институционалната криза во Косово поради неможност да се конститурираат органите, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми. Но од аргументите, од податоците што ги имаме, заклучокот е дека, сепак, и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба, истакна Сиљановска-Давкова.

    Во однос на состојбата на Блискиот Исток, посочи дека кај сите присутни на состанокот биле „неподелени ставовите за потреба од мир“. Рече дека за тоа немаме сигурни гаранции  зашто „преговорите се во тек па се прекинуваат“.

    -Честопати велам очекував поангажирана и поактивна Организација на Обединетите нации која, за жал, е маргинализирана, рече претседателката.

    За пожарите низ земјава посочи дека се под контрола во моментов и дека не се должат само на високите температури туку има „основано сомнеиние дека се намерно предизвикани“.

    -Останува дилемата дека се намерно подметнати, но не можам да зборувам за тоа додека нема докази и додека имаме предистражна постапка, изјави Сиљановска-Давкова.

    На прес-конференцијата , таа кажа дека состојбата е под контрола со пожарите кои  се гасат со ангажман на домашните институции, кои се коориднирани, меѓу кои и војската, но и со помош од Европа.

    Како што рече, од Владата била информирана за систем за превенција на кој работат, употреба на камера и дронови „со кои точно би се лоцирале опасностите, па и извршителите“ и дека изложиле низа мерки што во иднина ќе ги имплементираат – од промена на Закон за справување со кризи и ангажирањеволонтери, при што напомена и дека се оспособени возила што се употребуваа за воени цели, а денес се користат на теренот.

    Предложен е, додаде таа, нов проект, современ информативен систем за временски непогоди кај нас, со помош на ВИ и пресметки со кои, рече, може однапред да се предвидат низа ситуации.

    На Советот за безбедност се зборувало и за евроинтеграциите.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.