Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»До крајот на годинава ќе се снимаат уште два македонски долгометражни филмови
    Култура

    До крајот на годинава ќе се снимаат уште два македонски долгометражни филмови

    30/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Покрај снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на Милчо Манчевски, до крајот на годината ќе се снимаат уште два, а можеби и три долгометражни филма – „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски.

    Три филма, на режисерите Теона Стругар Митевска, Тамара Котевска и Георги М. Унковски, се завршени и ќе имаат фестивалски претставувања, соопшти директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски на  средбата со новинарите организирана од Министерството за култура и туризам.

    Поставен е оваа година за директор на Агенцијата за филм која само во претходната година, рече, имала четири директори, на некои им истекол мандатот, некои сами си дале оставка.

    -Со многу работа и со многу млада енергија, се „пеглаат“ работите, но има уште многу работа. Јас сум од редот на филмските работници и како член пет години во Филмскиот совет доволно добро бев запознат каде се заплеткани работите во Агенцијата и да можам да ги разберам и внатре проблемите и на филмските работници, истакна Мицевски.

    Како што рече, имале многу забелешки од ДЗР и, генерално, од јавноста за начинот на кој се финансираат филмовите и како се одвива процесот на бодување на проектите.

    -Во крајна фаза сме на објавување резултати од првиот рок на конкурсот. Се надевам дека ќе биде во најбрз можен рок. Наоѓам начин како јавноста да биде информирана согласно законската рамка за бодовни листи, за тоа кои се рецензенти и кои се условите некој да биде рецензент, како се доделуваат средства  и слично. Сакам да им помогнам и на младите филмски работници и да направам отворен ден во Агенцијата за филм и да може да добијат поддршка и информации, истакна Мицевски.

    Се работи, рече, и на конципирање на конкурс за серии кој би бил отворен во јануари, посочувајќи дека веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата. Работат, рече, и на јасно дефинирање што е филм од национален интерес бидејќи, како што рече, „има многу дела кои мислам дека не треба да припаѓаат во таа категорија и треба да се јават за финансирање во МРТ или во други сродни институции“.

    Мицевски нагласи и  дека проблем е што човечките ресурси им се на половина капацитет – Агенцијата има седум вработени, со хонорарците се вкупно 21, а согласно со систематизацијата се предвидени 42 работни места.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.