Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура
    Политика

    Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура

    29/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Предлог-законот со кој учениците од верските заедници ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите, исто како и останатите ученици, попладнево беше донесен во рамки на 64. собраниска седница.

    Целта на законот, како што е наведено во образложението, е да се обезбеди најдобриот интерес на учениците запишани во верските училишта, преку создавање законска можност за полагање на државна матура согласно со Законот за средното образование и Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит. Со тоа, како што се посочува во законот, се овозможува непречено продолжување на нивното образование на универзитетите во Република Северна Македонија.

    – За општообразовните предмети, согласно наставниот план, ќе се применуваат наставните програми за гимназиско образование, утврдени од министерот за образование и наука. Наставните програми за предметите од областа на православната, односно исламската религија и теологија, ќе се изработуваат од страна на соодветните верски училишта и ќе се одобруваат од нивниот основач. Стручната и советодавната поддршка за наставниците кои реализираат општообразовни предмети во верските средни училишта ја обезбедува Бирото за развој на образованието, согласно со своите надлежности. Учениците запишани во Богословското училиште – Скопје и Средното теолошко училиште „Иса Бег“ – Скопје имаат право да полагаат државна матура, согласно со Законот за средното образование и подзаконските акти донесени врз негова основа, вклучувајќи ја Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит. Учениците кои успешно ќе положат државна матура стекнуваат право да го продолжат своето образование на високообразовни установи во државата. Дополнително, учениците кои добиле диплома за завршено образование во Богословското училиште – Скопје и Средното теолошко училиште „Иса Бег“ – Скопје, се стекнуваат со право да го продолжат своето образование и на високообразовни установи основани од верските заедници во Република Северна Македонија, во согласност со закон и со условите утврдени од самите установи, се вели во Законот за установи за средно образование на верските заедници

    За пратениците од опозициската СДСМ, ова законско решение е противуставно и се руши секуларноста на државата. Законот, како што оценија, има бројни нејасностии и институционални проблеми и се носи без јавна дебата.

    Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека отсуствуваат механизми за контрола и увид во финансирањето и содржините што ќе се изведуваат. Ваков закон, како што рече, нема во ниту една држава од Западен Балкан. Праша со каква подготвеност овие ученици ќе се запишуваат на високообразовните установи.

    – Според амандманот 7 од Уставот државата мора да биде неутрална во однос на религијата, а верските заедници и државата се одвоени. Секоја легислатива што го доведува овој принцип во прашање мора да се разгледа со особена претпазливост. Автономијата на верските заедници е загарантирана, но со влезот на овие училишта под државна капа, тие мора да ги следат државните образовни стандарди и критериуми, констатираше пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

    Пратениците од албанскиот блок искажаа поддршка на предложеното законско решение, кое според нив е неопходно, но полемиката меѓу нив беше во тоа кој е заслужен за донесувањето на законот.

    Сали Мурати од Европскиот фронт рече дека се за ова законско решение, но дека текстот на законот би бил подобар доколку се прифателе поднесените амадмани.

    Во попладневниот дел од расправата, беа донесени и измените на Законот за домување.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.