Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија поразена и од Грција
    Спорт

    Македонија поразена и од Грција

    28/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Машката јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Белград.

    Во натпревар од 2.коло на групата „Ц“, селекцијата на Македонија е поразена од Грција со 55-83.

    Лошо го почнаа и овој натпревар македонските репрезентативци. Брзо имаа негатива од седум поени, која на крајот на првиот период беше двојно поголема (13-27). Лошата реализација од игра, и слабиот шут за три поени, придонесоа веќе на полувремето Македонија да има заостанување од 23 поени (23-46).

    Тоа им ја олесни работата на противниците кои во вториот дел продолжија да не „мелат“ во ист ритам, за на крајот да слават со 28 поени разлика.

    Како и кога Литванците не совладаа со 75 разлика и денеска повторно преовладуваше индивидуализмот над колективната игра. За тоа најдобро говорат и бројките. Македонија имаше само 12 асистенции, а противникот 23. Згора на тоа и 17 загубени топки, како и 17 скокови помалку, се индикатор плус, каде македонските јуниор мораат многу да се поправат во играта.

    Време за корекција нема многу бидејќи веќе денес следува нов натпревар. Во него македонските јуниори ќе играат со домаќинот и еден од фаворитите за највисок пласман Србија. Дуелот е закажа во терминот од 18.30 часот.

    Примарна цел на оваа селекција е опстанокот во ова ТОП 16 друштво, но тоа сигурно нема да биде воопшто лесно, особено ако се земе во предвид силината на противниците, но задачата мора да се исполни.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.