Сообраќајот на патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, е целосно прекинат откако товарно моторно возило се излизгало и завршило попречно на коловозот.
Според фотографиите од местото на настанот, камионот го блокира патот, оневозможувајќи непречено движење на останатите возила.
Засега нема официјални информации за причините и околностите под кои дошло до излизгувањето на камионот, ниту дали во инцидентот има повредени лица.
Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за губење на контролата врз тешкото товарно возило.
На возачите кои се движат по овој патен правец им се препорачува зголемена внимателност и користење алтернативни правци, доколку е можно.
Во моментов нема информации кога сообраќајот ќе биде нормализиран.
