Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) најостро ги осудува сите облици на насилство, особено семејното насилство, насилството врз жените, врсничкото насилство и насилството во дигиталниот простор, оценувајќи дека тие се неспојливи со христијанските и евангелските вредности и со почитувањето на човековото достоинство.
Според МПЦ – ОА, ваквите појави се „неспојливи со основните христијански и евангелски вредности и со почитувањето на човековото достоинство“ и го осудува гревот на убиството, фемицидот, како најсуров облик на насилство врз жените и како недозволиво посегнување по светоста на човечкиот живот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
