Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Големи промени во Итната медицинска помош: Нови возила, диспечерски центар и единствени правила
    Република

    Големи промени во Итната медицинска помош: Нови возила, диспечерски центар и единствени правила

    24/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Самостоен Центар за итна медицинска помош во Скопје, национален диспечерски систем, единствени стандарди за процена на итноста на повиците и обновување на возниот парк се дел од реформите што ги најави министерот за здравство Сашо Клековски, со цел подобрување на функционирањето на Итната медицинска помош.

    Најавените промени доаѓаат по бројните реакции на граѓаните за долгото чекање на медицинските екипи, недостигот од кадар, но и поплаките дека одредени пациенти наводно биле одбивани поради нивната возраст или здравствена состојба.

    Владата веќе ја усвоила информацијата за формирање самостоен Центар за итна медицинска помош во Скопје, кој ќе располага со сопствено раководство и буџет. Центарот е предвиден како пилот-проект, кој во иднина би можел да се примени и во другите градови низ Македонија.

    Една од клучните промени е воведувањето национални стандарди за тријажа, со кои според однапред утврдени критериуми ќе се проценува степенот на итност на секој повик. На тој начин, одлуките за испраќање медицинска екипа ќе се носат според единствени правила што ќе важат на територијата на целата држава.

    Предвидено е и воспоставување национален диспечерски центар, преку кој ќе се следат повиците и расположливоста на медицинските екипи. На интервенција ќе биде испраќан најблискиот достапен тим, а за секој повик ќе постои евиденција за времето на прием, донесената одлука и критериумите врз основа на кои е постапено.

    Клековски информира дека се набавени 100 нови возила за Итната медицинска помош, со што бројот на функционални возила во земјата ќе достигне 200. Дополнителни 50 возила се очекуваат преку ИПА 3 програмата на Европската Унија.

    Сепак, недостигот од медицински персонал останува сериозен предизвик, особено ако се земе предвид дека до 2030 година повеќе од 300 вработени во Итната медицинска помош треба да заминат во пензија.

    Поради тоа, со Медицинскиот факултет се водат разговори за воведување нов професионален профил – парамедик, кој ќе биде обучен за пружање медицинска помош и грижа за пациентите при нивниот транспорт.

    Паралелно со овие активности, се реконструира Ургентниот хируршки центар и се работи на оформување Ургентен интернистички центар во рамките на Клиничкиот центар во Скопје.

    Министерот признава дека остануваат нерешени повеќе прашања, меѓу кои недоволниот број екипи по смена, особено во главниот град, како и обезбедувањето дополнителна помош при транспорт на неподвижни пациенти.

    Според Клековски, вистинскиот показател за успешноста на реформите нема да бидат најавите и соопштенијата, туку времето што ќе помине од моментот кога граѓаните ќе се јават на бројот 194 до пристигнувањето на медицинската екипа.

    Поврзани вести:

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    Тошковски на средба со новата британска амбасадорка, во фокусот безбедносната соработка

    Тошковски на средба со новата британска амбасадорка, во фокусот безбедносната соработка

    Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“, за заштита на потрошувачите од лажни попусти

    Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“, за заштита на потрошувачите од лажни попусти

    Али Ахмети со отворено писмо до Шасивари да не се ограничуваат јазичните права на Албанците

    Али Ахмети со отворено писмо до Шасивари да не се ограничуваат јазичните права на Албанците

    Шилегов се огласи по синоќешната снимка: Немаше несреќа, автомобилот заглави во кал

    Шилегов се огласи по синоќешната снимка: Немаше несреќа, автомобилот заглави во кал

    Доаѓа ново заладување: Обилен дожд во четврток и петок, за викендот снег

    Доаѓа ново заладување: Обилен дожд во четврток и петок, за викендот снег

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    24/11/2026

    Тошковски на средба со новата британска амбасадорка, во фокусот безбедносната соработка

    24/11/2026

    Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“, за заштита на потрошувачите од лажни попусти

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.