Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Руски воени авиони се приближија до Јужна Кореја, жителите повикани да бараат засолниште
    Свет

    Руски воени авиони се приближија до Јужна Кореја, жителите повикани да бараат засолниште

    24/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Жителите на јужнокорејскиот остров Улеунгдо утрово добија итно предупредување да побараат засолниште, откако неколку руски воени авиони се приближиле до воздушниот простор на островот.

    Министерството за одбрана на Јужна Кореја најави дека во текот на денот ќе го повика рускиот воен аташе за да му упати официјален протест поради инцидентот.

    Според Здружениот генералштаб, руските авиони навлегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана над Јапонското Море и се приближиле до островот Улеунгдо. Јужнокорејската војска испратила борбени авиони, по што руските летала се оддалечиле.

    Воените власти објаснија дека предупредувањето било издадено превентивно поради можноста за нарушување на националниот воздушен простор.

    Итното известување било испратено во 7:52 часот до жителите на островот, на кој живеат околу 8.700 луѓе. Телевизиските програми биле прекинати, а на островот се огласиле сирените за тревога.

    Предупредувањето предизвикало вознемиреност кај населението, а дел од жителите, особено повозрасните, прашувале дали започнала војна.

    Дополнителна забуна предизвикала пораката од регионалните власти, во која погрешно било наведено дека станува збор за севернокорејско летало. Властите подоцна објасниле дека по грешка употребиле текст од претходни воени вежби.

    Ова е четврти познат случај годинава во кој руски воени авиони навлегле во јужнокорејската зона за идентификација на воздушната одбрана, а втор во период од една недела.

    Навлегувањето во ваквата зона без претходна најава само по себе не претставува прекршување на меѓународното право, бидејќи таа не е дел од суверениот воздушен простор на државата.

    Русија не ја признава надлежноста на Јужна Кореја над оваа зона, поради што нејзините воени летала во повеќе наврати навлегувале без претходно известување.

    Засега нема потврда дека руските авиони при денешниот инцидент го нарушиле суверениот воздушен простор на Јужна Кореја.

    Поврзани вести:

    Марин Ле Пен категорично против членството на Украина во Европската Унија

    Марин Ле Пен категорично против членството на Украина во Европската Унија

    Пукање во училиште во Србија, според првичните информации ранети две жени

    Пукање во училиште во Србија, според првичните информации ранети две жени

    Лажел дека боледува од леукемија и собрал речиси 190.000 евра, уапсен 20-годишник во Косово

    Лажел дека боледува од леукемија и собрал речиси 190.000 евра, уапсен 20-годишник во Косово

    НАТО предупредува: Русија наводно се подготвува да испрати нуклеарно оружје во вселената

    НАТО предупредува: Русија наводно се подготвува да испрати нуклеарно оружје во вселената

    Масовно труење со јаглерод моноксид за време на миса во Германија

    Масовно труење со јаглерод моноксид за време на миса во Германија

    Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе почнам штрајк со глад

    Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе почнам штрајк со глад

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Марин Ле Пен категорично против членството на Украина во Европската Унија

    24/11/2026

    Пукање во училиште во Србија, според првичните информации ранети две жени

    24/11/2026

    Лажел дека боледува од леукемија и собрал речиси 190.000 евра, уапсен 20-годишник во Косово

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.