Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Магла, намалена видливост и изменет сообраќаен режим на повеќе патишта во Македонија
    Република

    Магла, намалена видливост и изменет сообраќаен режим на повеќе патишта во Македонија

    24/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сообраќајот на државните патишта во Македонија утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сепак, на одредени делници е потребна зголемена внимателност поради појава на магла, намалена видливост и изменет сообраќаен режим поради градежни активности.

    Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека на патниот правец Лисец – Попова Шапка, поради појава на магла, видливоста е намалена на 50 до 60 метри.

    Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Од денеска, 24 ноември, започнуваат градежни работи на мостот кај клучката Бучим, на патниот правец Штип – Радовиш. Поради изведувањето на работните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично, со регулирање преку семафорска сигнализација.

    На делницата Калишта – Радожда, кај месноста Елен Камен, сообраќајот се одвива наизменично по една слободна коловозна лента.

    Поради градежните активности на патниот правец Кичево – Охрид, на повеќе делници сообраќајот се одвива со девијации и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

    Времен сообраќаен режим е воспоставен и на патниот правец Гостивар – Кичево, каде што се изведуваат работи на мостот на реката Тајмишница.

    Изменет режим на движење има и на патот Струга – Дебар, поради работните активности на браната „Глобочица“.

    Патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица, од 17 ноември е затворен за сите категории возила, согласно сезонскиот режим на сообраќај.

    Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2027 година, независно од моменталните временски услови.

    На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини, клисури и усеци, каде што постои опасност од појава на одрони.

    Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Од Центарот за управување со кризи потсетуваат дека единствениот телефонски број за итни повици 112 е достапен 24 часа дневно за пријавување пожари, поплави, свлечишта и други итни ситуации.

    За дополнителни информации за состојбата на патиштата, граѓаните можат да се обратат до АМСМ на телефонскиот број 15 555, додека за помош на пат е достапен бројот 196.

    Возачите се повикуваат пред тргнување на пат да се информираат за состојбата на делниците по кои ќе се движат и да бидат подготвени за евентуални промени на условите за возење.

    Поврзани вести:

    Снег на Стража, влажни коловози и опасност од одрони низ Македонија

    Снег на Стража, влажни коловози и опасност од одрони низ Македонија

    Министерството за здравство го осуди нападот врз здравствени работници пред поликлиниката „Јане Сандански“

    Министерството за здравство го осуди нападот врз здравствени работници пред поликлиниката „Јане Сандански“

    Минчев: Државна управа со јасно разграничување на надлежностите и професионална одговорност

    Минчев: Државна управа со јасно разграничување на надлежностите и професионална одговорност

    Средба Муцунски – Орбан во Атина: Силна поддршка од Унгарија за евроинтеграциските процеси на Западен Балкан

    Средба Муцунски – Орбан во Атина: Силна поддршка од Унгарија за евроинтеграциските процеси на Западен Балкан

    Андоновски: Македонија направи голем чекор напред во дигиталната трансформација

    Андоновски: Македонија направи голем чекор напред во дигиталната трансформација

    Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца

    Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Снег на Стража, влажни коловози и опасност од одрони низ Македонија

    23/11/2026

    Министерството за здравство го осуди нападот врз здравствени работници пред поликлиниката „Јане Сандански“

    23/11/2026

    Минчев: Државна управа со јасно разграничување на надлежностите и професионална одговорност

    23/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.