Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Синдикалната кошничка надмина 71.000 денари, граѓаните живеат со секојдневна борба за основни трошоци
    Политика

    СДСМ: Синдикалната кошничка надмина 71.000 денари, граѓаните живеат со секојдневна борба за основни трошоци

    22/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Граѓаните се соочуваат со сè поголем притисок врз домашните буџети и наместо нормално функционирање, водат секојдневна борба за покривање на основните трошоци, оцени СДСМ.

    На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на партијата, Наташа Поповиќ, изјави дека минималната синдикална кошничка достигнала 71.000 денари, а со вклучен трошок за кирија месечните потреби се приближуваат до 90.000 денари.

    Според неа, за едно семејство само за храна и пијалаци се потребни околу 26.000 денари месечно, без пресметани дополнителни трошоци како сметки, облека, превоз и потреби за децата.

    „Откако Мицкоски и ВМРО се на власт, минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години“, изјави Поповиќ.

    Од СДСМ предупредуваат и на најавените зголемувања на цените на енергенсите, посочувајќи дека повисоките сметки за електрична енергија и парно дополнително ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.

    Опозициската партија тврди дека околу 180.000 работници во државата примаат плата пониска од 31.200 денари месечно, што според нив претставува сериозен удар врз животниот стандард.

    Од СДСМ повторија дека нивно барање е минималната плата да се зголеми на 600 евра, додавајќи дека таков предлог доставиле и преку амандман за Буџетот за 2027 година.

    „Нема пари“ е одговорот што, според партијата, најчесто го добиваат од власта, додека истовремено, како што велат, државата продолжува со задолжувања.

    На прес-конференцијата Поповиќ се осврна и на состојбата со „Алта банка“, упатувајќи критики кон власта и обвинувајќи ја за лошо управување и коруптивни политики.

    Од СДСМ порачаа дека економските политики на Владата, според нив, довеле до осиромашување на граѓаните и дека за тоа власта ќе мора да одговара пред јавноста.

    Поврзани вести:

    Муцунски утре во Атина на состанокот на „Пријатели на Западен Балкан“

    Муцунски утре во Атина на состанокот на „Пријатели на Западен Балкан“

    Мицкоски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави нови важни мерки за младите

    Мицкоски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави нови важни мерки за младите

    Амандман на Левица: Повеќе пари за борба против дивоградбите во Охрид

    Амандман на Левица: Повеќе пари за борба против дивоградбите во Охрид

    Стојаноски до СДСМ: Каде бевте седум години, сега барате средства за проблеми што не ги решивте?

    Стојаноски до СДСМ: Каде бевте седум години, сега барате средства за проблеми што не ги решивте?

    СДСМ бара оставка од Тошковски: Одговорноста мора да почне од врвот

    СДСМ бара оставка од Тошковски: Одговорноста мора да почне од врвот

    СДСМ: 51 милион евра од пензиски придонеси не се префрлени во вториот столб

    СДСМ: 51 милион евра од пензиски придонеси не се префрлени во вториот столб

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Муцунски утре во Атина на состанокот на „Пријатели на Западен Балкан“

    22/11/2026

    Мицкоски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави нови важни мерки за младите

    22/11/2026

    Амандман на Левица: Повеќе пари за борба против дивоградбите во Охрид

    21/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.