Спасувачките екипи повторно го пребаруваат коритото на реката Вардар кај Гостивар во потрага по 27-годишниот Шемо Шабани, кој исчезна пред повеќе од еден месец.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по барање на Министерството за внатрешни работи, по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за пребарување на теренот.
Шабани исчезнал на 13 октомври. Според пријавата што неговото семејство ја доставило до полицијата, тој тој ден излегол од својот дом, по што му се губи секаква трага и не се вратил.
Потрагата е насочена кон реката Вардар, откако биле добиени информации дека непосредно пред исчезнувањето бил забележан во нејзина близина.
Надлежните продолжуваат со интензивните активности за негово пронаоѓање, додека засега нема официјални информации за исходот од повторната акција.
