Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски и Рама го пуштија во употреба „One Stop Shop“ на Ќафасан
    Република

    Мицкоски и Рама го пуштија во употреба „One Stop Shop“ на Ќафасан

    22/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија и Албанија од денеска официјално го ставија во функција системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан, со што патниците, возилата и стоката ќе поминуваат низ една заедничка гранична контрола, наместо преку две одделни проверки.

    На свеченото отворање присуствуваа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои оценија дека новиот систем ќе овозможи побрз проток на луѓе и стока, ќе ја зајакне довербата меѓу двете држави и ќе придонесе за нивното европско приближување.

    Мицкоски истакна дека воспоставувањето на едношалтерската контрола е значаен чекор во унапредувањето на билатералната соработка и најави дека очекува истиот модел да биде воведен и на останатите гранични премини со Албанија.

    „Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини што ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија. На тој начин дополнително ќе ги зајакнеме врските меѓу граѓаните, а системот ќе придонесе и за развојот на туризмот, особено во охридскиот регион и албанското крајбрежје“, рече Мицкоски.

    Според податоците што ги изнесе премиерот, во текот на 2025 година преку Ќафасан биле регистрирани околу 2,3 милиони преминувања, што претставува повеќе од половина од вкупниот граничен сообраќај меѓу Македонија и Албанија.

    Рама оцени дека новиот систем е доказ за поголема доверба меѓу двете држави и чекор кон поефикасна регионална соработка.

    „Досега беше контролирај, контролирај, а отсега ќе биде верувај и контролирај. Ова е уште еден чекор кон нашето приближување до Европската Унија и подобро поврзување на двете земји“, изјави албанскиот премиер.

    Во разговорот со новинарите, Рама се осврна и на евроинтеграциите на Македонија, нагласувајќи дека внесувањето на Бугарите во Уставот е внатрешно прашање на земјата и дека Албанија никогаш нема да биде пречка на македонскиот пат кон Европската Унија.

    Тој рече дека ја разбира загриженоста на македонската страна дали по евентуалните уставни измени би можеле да следуваат нови услови, но оцени дека актуелниот услов треба да биде исполнет за продолжување на европскиот процес.

    Мицкоски, пак, оцени дека Рама дал пошироко објаснување на своите претходни изјави и порача дека јавните настапи не треба да се толкуваат преку издвоени делови од нивниот контекст.

    Албанскиот премиер одговори и на прашања поврзани со судските случаи во Македонија, нагласувајќи дека не сака да биде политички арбитар во земјата и дека ги почитува нејзините институции и суверенитет.

    Од своја страна, Мицкоски истакна дека македонската заедница во Пустец е лојален дел од албанското општество, истовремено негувајќи ги своите национални корени, и ги отфрли дилемите околу неодамнешните настани поврзани со интонирањето на албанската химна.

    Поврзани вести:

    Пронајдено заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, приведен осомничен

    Пронајдено заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, приведен осомничен

    Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар во потрага по исчезнатиот Шемо Шабани

    Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар во потрага по исчезнатиот Шемо Шабани

    Тошковски: Со „One Stop Shop“ на Ќафасан го заокружуваме системот на заеднички гранични контроли

    Тошковски: Со „One Stop Shop“ на Ќафасан го заокружуваме системот на заеднички гранични контроли

    Несреќа во касарната „Илинден“: Повреден припадник на специјалната единица „Тигар“

    Несреќа во касарната „Илинден“: Повреден припадник на специјалната единица „Тигар“

    Сиљановска-Давкова: Албанскиот јазик е темел на идентитетот и колективната меморија

    Сиљановска-Давкова: Албанскиот јазик е темел на идентитетот и колективната меморија

    Ќафасан станува побрз за патниците: Почнува „One Stop Shop“ граничната контрола

    Ќафасан станува побрз за патниците: Почнува „One Stop Shop“ граничната контрола

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пронајдено заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, приведен осомничен

    22/11/2026

    Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар во потрага по исчезнатиот Шемо Шабани

    22/11/2026

    Тошковски: Со „One Stop Shop“ на Ќафасан го заокружуваме системот на заеднички гранични контроли

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.