Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска ќе има работна средба со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, кандидат за градоначалник на Град Скопје и актуелен претседател на ЗЕЛС.
На средбата, како што информира Комората, Азески и Ѓорѓиевски ќе разговараат за економски теми и за децентрализацијата на власта како основа за воспоставување систем за ефикасно функционирање на локалната самоуправа.
-На средбата ќе се разговара за економски теми со влијание на бизнисот и локалната самоуправа на Градот Скопје, како најголем индустриски центар во државата. Фокусот ќе биде ставен на децентрализација на власта како основа за воспоставување систем за ефикасно функционирање на локалната самоуправа во служба на граѓаните и фирмите, за почитување на надлежностите (одговорностите и обврските) на Град Скопје, подобрување на инфраструктурата за зголемување на инвестициските активности и создавање поволна клима за раст на бизнисот преку кратење на долгите административни процедури, градежни дозволи, имотно-правни решенија и на образованието, за обезбедување стручен кадар преку активно вклучување на градот во подигнување на капацитетите на стручните училишта чие функционирање е во надлежност на локалната самоуправа, наведува Стопанската комора.
