Скопјанец на возраст од 28 години вчера е лишен од слобода под сомнение дека го запалил возило во сопственост на неговата мајка и се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Осомничениот рано утрото на подрачјето на Чаир го опожарил автомобилот „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, по што на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ е уапсен и задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
