По 30 години чекање жителите од Пинтија и Драчево за првпат ќе поминат по завршениот булевар „Борис Трајковски“, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за завршните работи кои се одвиваат на оваа важна сообраќајница.
Тој информираше дека се поставени околу 900 тони асфалт, а паралелно се уредуваат тротоарите и се поставуваат нови столбови за осветлување.
-Нашите екипи работат деноноќно за да ја завршиме темелната реконструкција пред предвидениот рок, соопшти Ѓорѓиевски и додаде дека со ова над 100.000 жители ќе возат по нов, модерен и безбеден пат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
