Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата
    Република

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    20/11/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија.

    За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), кое групата „764“ ја поврзува со пошироки нихилистички насилни екстремистички заедници и сродни групи.

    Апелот има превентивна цел – навремено информирање на јавноста за начините на дејствување на ваквите групи, ризиците со кои се соочуваат децата и можностите за нивна заштита.

    Како функционира групата „764“?

    Групата „764“ дејствува преку различни социјални мрежи, апликации за комуникација и платформи за онлајн игри. За воспоставување контакт со потенцијалните жртви, нејзините членови користат платформи како Discord, Telegram, Roblox, Instagram, TikTok, Snapchat, Reddit, X (поранешен Twitter), Minecraft и Fortnite.

    Најчесто, контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици.

    Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите.

    На кои знаци треба да внимаваат родителите?

    МВР апелира родителите и старателите да обрнат особено внимание на евентуални промени во однесувањето на децата, како што се:

    * Ненадејни промени во однесувањето, повлекување во себе, страв, вознемиреност или раздразливост;
    * Зголемена таинственост при користењето на мобилниот телефон или компјутерот;
    * Интензивна комуникација со непознати лица преку социјалните мрежи и платформите за онлајн игри;
    * Примање заканувачки пораки, уцени или барања за испраќање фотографии и видеоснимки;
    * Необјаснети повреди, исеченици, гребнатини или други можни знаци на самоповредување;
    * Изразување безнадежност или разговори за смрт и самоубиство.
    Овие промени не мора да значат дека детето е жртва на ваква група, но доколку се забележат, важно е да не се игнорираат. Потребни се внимателен пристап, отворен разговор со детето и, доколку постои сомнеж за злоупотреба, навремена реакција.

    Како да ги заштитиме децата?

    Родителите треба редовно да разговараат со децата за нивните активности на интернет, да покажуваат интерес за тоа со кого комуницираат и какви содржини следат, како и да ги едуцираат за ризиците од споделување лични податоци, лозинки, интимни фотографии и видеоснимки со непознати лица.

    Особено е важно децата да знаат дека доколку некој ги уценува, заплашува или манипулира со нив, треба веднаш да побараат помош од родителите, старателите, наставниците или надлежните институции. Тие не треба да се чувствуваат виновни или да се плашат да пријават, без оглед на околностите.

    Пријавете секој сомнеж или случај!

    Доколку имате сознанија, информации или сомнеж за активности поврзани со групата „764“ или други слични насилни онлајн групи, пријавете ги до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, на електронската адреса:

    cybercrime@moi.gov.mk

    Доколку располагате со информации што можат да помогнат во постапувањето, зачувајте ги пораките, корисничките имиња, линковите и другите релевантни податоци. Не стапувајте во конфронтација со лицата кои упатуваат закани и не преземајте чекори со кои би можеле дополнително да ја загрозите безбедноста на детето. Не преземајте и не препраќајте експлицитни материјали во кои се прикажани малолетници.

    Заштитата на децата од онлајн злоупотреба е заедничка одговорност. Навременото препознавање на опасноста, отворениот разговор со децата и пријавувањето на сомнителните активности можат да спречат сериозни последици и да спасат животи.

    МВР апелира: Бидете внимателни, разговарајте со децата и пријавете ја секоја сомнителна активност!

    Поврзани вести:

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    20/11/2026

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    20/11/2026

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.