Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и порача дека институциите ќе направат сè што е во нивна надлежност случајот да биде целосно расчистен, а сторителот да одговара пред законот.
Мицкоски, кој денеска се обрати од Брисел, рече дека неговото обраќање требало да биде посветено на европските прашања и разговорите за заштита на интересите на Македонија, но дека до него пристигнала веста за настанот во Охрид.
„За жал, до мене стигна ужасната вест која ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое се случува“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека како човек и родител чувствува потреба да изрази поддршка до семејството на повредената девојка, додавајќи дека државните институции ќе преземат мерки за случајот да добие соодветна правна разрешница.
„Како човек, како
