Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Моето дете се бори за живот, а некој се обидува да го прикрие случајот, мајката на Сара со потресно сведоштво
    Република

    Моето дете се бори за живот, а некој се обидува да го прикрие случајот, мајката на Сара со потресно сведоштво

    16/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Моето дете се бори да заздрави, но наместо мир и сигурност, живее со страв и неизвесност“. Со овие зборови мајката на Сара, девојката која беше тешко повредена во Охрид, се обрати во јавноста и побара целосно расчистување на случајот.

    Ирена во својата објава наведува дека нејзината ќерка сè уште се наоѓа на болничко лекување и дека последиците од настанот не се само физички, туку и психолошки.

    „Како мајка и родител, чувствувам потреба јавно да се обратам во името на мојата ќерка Сара. Таа, наместо да се грижи за своето здравје и закрепнување, живее во страв и неизвесност за сопствената безбедност“, напиша таа.

    Мајката изнесува низа тврдења за случувањата пред и по нападот, посочувајќи дека според неа постоеле обиди случајот да биде прикриен и да се влијае врз неговиот тек.

    Таа тврди дека Сара била нападната во возило, дека претходно ѝ бил уништен телефонот и дека во тие моменти била оневозможена да побара помош.

    „Собери ги сите познаници, да го прикриеме ова и да се ослободиме од неа“ – се зборови за кои мајката наведува дека Сара ги слушнала додека била во беспомошна состојба.

    Ирена во објавата посочува и дека има сознанија за постапки на лица од опкружувањето на осомничениот, за кои смета дека треба да бидат предмет на проверка од надлежните органи.

    Особено ја загрижува, како што наведува, фактот дека нејзината ќерка била оставена без навремена помош.

    „Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред да биде однесена на непознато место. Кога сфатил дека се освестила, била оставена на улица“, наведува мајката.

    Таа упати апел институциите да постапат независно и професионално, без оглед на тоа кој стои зад лицата поврзани со случајот.

    „До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака и да избегнува одговорност затоа што има врски и познанства?“, прашува Ирена.

    Од СВР Охрид претходно информираа дека на 15 ноември бил лишен од слобода Х.К. (31) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Од полицијата посочија дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Сите околности за нападот, како и евентуалната вмешаност или одговорност на други лица, треба да бидат утврдени во понатамошната постапка.

    Поврзани вести:

    Искра Хаџи Василева денеска официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

    Искра Хаџи Василева денеска официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

    Времето денеска: Сончеви периоди, дожд попладне и температури до 16 степени

    Времето денеска: Сончеви периоди, дожд попладне и температури до 16 степени

    Ива Михаилова: Никој во Бугарија на ништо не ме принудил, сакам само да оздравам

    Ива Михаилова: Никој во Бугарија на ништо не ме принудил, сакам само да оздравам

    Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве зошто зимските гуми се најбезбедниот избор

    Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве зошто зимските гуми се најбезбедниот избор

    Времето се менува: Локален дожд денеска, ветерот ќе засилува од среда

    Времето се менува: Локален дожд денеска, ветерот ќе засилува од среда

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Искра Хаџи Василева денеска официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

    16/11/2026

    Времето денеска: Сончеви периоди, дожд попладне и температури до 16 степени

    16/11/2026

    Ива Михаилова: Никој во Бугарија на ништо не ме принудил, сакам само да оздравам

    15/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.