Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска повеќе населени места во Скопје и околината ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН.
Во Општина Аеродром, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, на потегот од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица, во периодот од 08:30 до 15:00 часот.
Во Општините Петровец и Илинден, од 09:00 до 13:35 часот, без струја ќе останат дел од корисниците во Петровец, објектот на наплатната рампа Петровец, како и жителите на селата Миладиновци, Текија и Дељадровце. Прекин во снабдувањето ќе има и во објектите на „Мак Петрол“ во Миладиновци, „М-Стеел“ и ЖТП Миладиновци.
Планирани прекини ќе има и во Општина Сопиште. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во Горно Соње, на локацијата позната како Подбрег.
Дополнително, од 09:30 до 12:00 часот, без струја ќе останат и корисниците во Долно Соње, на потегот познат како Димково Лозје.
Од ЦУК апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности, а прекините се поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
