По релативно свежото утро, денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, додека во попладневните часови и кон крајот на денот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 12 и 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, при што температурата ќе се движи од утрински 6 до околу 14 степени во текот на денот.
Метеоролозите најавуваат дека во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Од утре, под влијание на потопла воздушна маса од југ, температурите постепено ќе се зголемуваат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од ноември.
Истовремено, ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда повремено ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.
