Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија.
Без напојување во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од патот кон фарми Јурумлери и улицата 27 во општина Илинден.
Во општина Кисела Вода, во периодот од 08:30 до 16:30 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците на улицата „Народни Херои“ со броеви 19, 21 и 23, Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и улицата „Архитект Никола Добровиќ“ со броеви 1 и 2.
Од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во село Стајковци, општина Гази Баба.
Во истиот период, од 09:00 до 12:00 часот, прекин е најавен и за корисниците на улицата 22 во општина Сопиште.
Од ЕВН Македонија АД посочуваат дека прекините се резултат на планирани активности за одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
