Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Сведок за „Пулс“: Полициските инспектори од Пробиштип не знаеле дека ќе контролираат дискотека
    Република

    Сведок за „Пулс“: Полициските инспектори од Пробиштип не знаеле дека ќе контролираат дискотека

    12/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски, обвинети во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, биле испратени на подрачјето на ОВР Кочани без да бидат информирани за конкретните задачи што ќе ги извршуваат, сведочеше денеска Драган Василески, виш инспектор за економски криминалитет во ОВР Пробиштип.

    Пред судот, Василески изјави дека на 14 март 2026 година добил наредба од тогашниот началник на ОВР Пробиштип да предложи двајца инспектори кои следната вечер ќе бидат упатени на службени активности во Кочани.

    Тој посочи дека ниту тој, ниту Арсовски и Милошевски немале информации за целта на ангажманот, туку им било кажано само во определено време да се јават на бензинска пумпа во Кочани, каде што ќе бидат пречекани од колеги од ОВР Кочани.

    „Ниту јас ниту колегите Дарко и Мартин не знаевме кои конкретни активности ќе ги извршуваат во Кочани. Беше кажано само дека со службено возило ќе се јават на бензинска пумпа, каде што ќе бидат пречекани и ќе извршуваат одредени службени задачи“, изјави сведокот.

    Василески додаде дека на инспекторите не им било кажано да бидат во униформа, ниту биле запознаени со евентуални ризици или со постоење оперативен план за акциската контрола.

    Според неговото сведочење, инспекторите од Пробиштип не учествувале во подготовката, организацијата или изработката на планот за акцијата. Тој истакна и дека до денот на трагедијата немал слушнато за дискотеката „Пулс“, како и дека истото важело и за обвинетите полициски службеници.

    Василески пред судот кажа дека, според информациите што ги добил по пожарот, Арсовски и Милошевски првично биле распоредени на други локации во Кочани и околината, а подоцна добиле задача да учествуваат во контрола во дискотеката.

    Тој појасни дека околу 2:30 часот по полноќ двајцата инспектори, заедно со полициски службеници од ОВР Кочани, влегле во објектот со задача да извршат проверка на лице за кое постоело сомнение дека поседува наркотични средства.

    По излегувањето од просторот кај тоалетите, каде што била извршена проверката, тие забележале дека гостите почнуваат да го напуштаат објектот и дека се создава метеж.

    Во паузата од судењето, во име на родителите на загинатите во трагедијата се обрати Александар Наунов, кој посочи дека секое рочиште за семејствата значи повторно соочување со болката од загубата.

    „Додека ние ги преживуваме најстрашните моменти од нашите животи, во судницата слушаме паушални одговори, оправдувања, префрлање вина и усни наредби“, рече Наунов, прашувајќи дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација меѓу службите.

    Тој постави прашање и дали подобра организација, навремена координација и обезбедување коридор за евакуација можеле да спречат дел од трагичните последици.

    Судењето се однесува на пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќемина беа повредени. Во предметот се обвинети 13 полициски службеници, за кои Обвинителството тврди дека не постапиле согласно обврските и акцискиот план поврзан со контролата на објектот.

    Поврзани вести:

    Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ за тендерот со „Рудкоп“

    Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ за тендерот со „Рудкоп“

    ФЗО и Лекарската комора најавија реформи: Од јануари почнува работна група со поддршка на СЗО

    ФЗО и Лекарската комора најавија реформи: Од јануари почнува работна група со поддршка на СЗО

    Македонското цивилно воздухопловство под лупа на инспектори на ИКАО по 17 години пауза

    Македонското цивилно воздухопловство под лупа на инспектори на ИКАО по 17 години пауза

    Хаџи Василева стапи на функција во ОЈО ГОКК и најави ефикасен и одлучен кривичен прогон

    Хаџи Василева стапи на функција во ОЈО ГОКК и најави ефикасен и одлучен кривичен прогон

    Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

    Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

    Променливо облачно време денес, утре дожд и силен ветер до 80 километри на час

    Променливо облачно време денес, утре дожд и силен ветер до 80 километри на час

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ за тендерот со „Рудкоп“

    12/11/2026

    ФЗО и Лекарската комора најавија реформи: Од јануари почнува работна група со поддршка на СЗО

    12/11/2026

    Македонското цивилно воздухопловство под лупа на инспектори на ИКАО по 17 години пауза

    12/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.