Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Нема предвремени избори, техничка влада би ја однела државата во банкрот
    Политика

    Мицкоски: Нема предвремени избори, техничка влада би ја однела државата во банкрот

    11/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Предвремени парламентарни избори нема да има, бидејќи државата во наредните две години треба да обезбеди околу пет милијарди евра за враќање и рефинансирање на долговите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, формирањето техничка влада во такви околности би било неодговорен потег што сериозно би ја загрозил финансиската стабилност на државата.

    На брифинг со новинарите, Мицкоски посочи дека само во 2027 година ќе треба да се обезбедат околу 2,3 милијарди евра, а во 2028 година уште приближно 2,7 милијарди евра за отплата и рефинансирање на долговите, плаќање камати и покривање на буџетскиот дефицит.

    „Шест месеци техничка влада ќе ја однесе државата директно во банкрот. И таа техничка влада ќе биде во пикот на најжестоката зима, во јануари и делумно во февруари“, изјави премиерот.

    Тој нагласи дека, од политички аспект, владејачката коалиција нема проблем со одржување избори, но дека финансиските обврски што претстојат бараат стабилна и функционална Влада.

    Мицкоски се осврна и на разговорите со лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во врска со моделот за полагање на правосудниот испит. Како што информираше, предлогот веќе е испратен до Венецијанската комисија на мислење.

    Според предложеното решение, теоретскиот дел од испитот би можел да се полага на јазикот на кој кандидатот го завршил високото образование, додека практичниот писмен дел, кој опфаќа симулација на кривичен и граѓански судски процес, би се полагал исклучиво на македонски јазик и со кирилично писмо. Доколку Венецијанската комисија има забелешки, моделот ќе биде дополнително изменет.

    Премиерот порача дека евентуално повлекување на ЗНАМ од Владата нема автоматски да значи предвремени избори, бидејќи, како што рече, владејачкото мнозинство во Собранието располага со 75 до 76 пратеници.

    Воедно, најави дека по разговорите со лидерите на коалицијата Вреди ќе бидат договорени и кадровските решенија за повеќе испразнети заменик-министерски позиции, меѓу кои и во ресорите за социјална политика и култура.

    Поврзани вести:

    Претседателот на Советот на Чаир раководи со организација што Египет ја прогласи за терористичка

    Претседателот на Советот на Чаир раководи со организација што Египет ја прогласи за терористичка

    Алта банка пред пратениците: Комисијата за финансии ќе ги испитува причините за кризата

    Алта банка пред пратениците: Комисијата за финансии ќе ги испитува причините за кризата

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо решенијата, ширите недоверба и политички конструкции

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо решенијата, ширите недоверба и политички конструкции

    Мециновиќ: Владата го третира Буџетот како партиска сопственост, не прифати ниту еден опозициски амандман

    Мециновиќ: Владата го третира Буџетот како партиска сопственост, не прифати ниту еден опозициски амандман

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Претседателот на Советот на Чаир раководи со организација што Египет ја прогласи за терористичка

    11/11/2026

    Алта банка пред пратениците: Комисијата за финансии ќе ги испитува причините за кризата

    11/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо решенијата, ширите недоверба и политички конструкции

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.