Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Продолжува судењето за „Државна лотарија“, обвинети Груби, Бајрами и уште шест лица
    Република

    Продолжува судењето за „Државна лотарија“, обвинети Груби, Бајрами и уште шест лица

    11/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и уште шест лица.

    На последното рочиште, одржано на 30 октомври, сведочеше Андреј Крстевски, советник за имплементација на проекти во АД „Државна лотарија“, кој претходно бил член на Управниот и Надзорниот одбор, како и заменик-директор на претпријатието.

    Крстевски пред судот зборуваше за начинот на носење одлуки во компанијата и постапката за набавка на ВЛТ-терминалите. Одговарајќи на прашања на Обвинителството, тој посочи дека за идејата за набавката бил информиран лично од Бајрами, а за спроведената постапка дознал откако таа веќе била завршена, преку лица кои биле членови на комисиите задолжени за реализација на постапките.

    Во меѓувреме, на 3 ноември, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје му го укина притворот на Перпарим Бајрами, прифаќајќи гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Покрај гаранцијата, му се определени и мерки на претпазливост, меѓу кои одземање на патната исправа и редовно јавување во судот.

    Покрај Груби и Бајрами, обвинети во предметот се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

    Според обвинението, обвинетите со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судењето го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

    Поврзани вести:

    Променливо облачно време, можен слаб дожд и магла во делови од Македонија

    Променливо облачно време, можен слаб дожд и магла во делови од Македонија

    Лекарската комора денеска избира нов претседател

    Лекарската комора денеска избира нов претседател

    Сиљановска-Давкова од Париз: Западен Балкан не е периферија, туку дел од Европа

    Сиљановска-Давкова од Париз: Западен Балкан не е периферија, туку дел од Европа

    Министерството за правда по 30 години изготви нов Кривичен законик

    Министерството за правда по 30 години изготви нов Кривичен законик

    Тошковски: И јас добив и платив сообраќајна казна, правилата важат за сите

    Тошковски: И јас добив и платив сообраќајна казна, правилата важат за сите

    Царината добива електронски пристап до судските евиденции преку нов договор со Врховниот суд

    Царината добива електронски пристап до судските евиденции преку нов договор со Врховниот суд

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Променливо облачно време, можен слаб дожд и магла во делови од Македонија

    11/11/2026

    Лекарската комора денеска избира нов претседател

    11/11/2026

    Сиљановска-Давкова од Париз: Западен Балкан не е периферија, туку дел од Европа

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.