Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во западните делови од земјата ќе има услови за појава на слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во дел од котлините утринските часови ќе бидат проследени со појава на магла, што може да ја намали видливоста и да предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневните температури ќе се движат од 4 до 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
