11 лица загинаа, а 48 се повредени утрово во две одделни верижни судири на автопатот Тракија во кои учествувале над 50 возила, објави бугарскиот премиер Румен Радев кој поради несреќата ги откажа сите најавени активности освен средбата со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Варна.
Првата пријава за сообраќајна несреќа пристигнала утрово околу 7:10 часот за правецот кон Бургас, додека втората неколку минути подоцна за лентата кон Софија, а според првичните информации катастрофата најверојатно се случила поради густата магла и намалената видливост.
Во спасувачките и медицинските операции учествуваат екипи за итни случаи од Јамбол, Сливен и Бургас, а се координира и обезбедувањето на воздушна медицинска помош за пренесување на повредени во болниците во Софија, објавија бугарските медиуми.
