Со новите правила за одобрување боледување кои ќе почнат да се применуваат од 1 декември, се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми од досегашните седум на пет дена.
За продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот.
Матичните лекари и натаму ќе можат да одобруваат отсуство до 15 дена, додека за подолг период ќе одлучува лекарска комисија. Кога медицинската состојба го оправдува тоа, ќе може да се издаде и приоритетен упат за побрз специјалистички преглед.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
