Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање
    Спорт

    Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање

    05/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кристијано Роналдо не сака да одигра официјален проштален натпревар за португалската репрезентација, иако Фудбалската федерација на Португалија планира да му организира посебно испраќање на еден од најголемите играчи во историјата на националниот тим.

    Според лисабонскиот весник „Обсервадор“, Федерацијата сепак ќе му оддаде признание на својот долгогодишен капитен, а начинот на кој ќе биде реализирана почитта кон Роналдо дополнително ќе биде утврден. Претседателот на Федерацијата, Педро Проенса, порача дека вратите на организацијата секогаш ќе бидат отворени за фудбалерот.

    Медиумот наведува дека бил планиран телефонски разговор меѓу Роналдо и селекторот Жорже Жезуш, со посредство на Проенса, но до него не дошло. Според информациите, напаѓачот немал желба за разговор со селекторот.

    Роналдо му соопштил на претседателот на Федерацијата дека во овој момент нема намера повторно да настапува за репрезентацијата, а таа порака била пренесена до Жезуш. Сепак, селекторот не планира да се откаже од капитенот и најавил дека ќе продолжи да го повикува сè додека е физички подготвен.

    Одлуката на Роналдо доаѓа откако тој очекувал дека суспензијата по напуштањето на репрезентативниот камп во октомври ќе го спречи неговото враќање во тимот до март. Бидејќи едномесечната казна истекла на 30 октомври, тој повторно бил достапен за селекцијата.

    Наместо само да одбие нов повик, Роналдо, според „Обсервадор“, одлучил да стави крај на својата репрезентативна кариера.

    Поврзани вести:

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    Вардар во сериозна криза, Струга ТЛ се оддалечи на пет бода

    Вардар во сериозна криза, Струга ТЛ се оддалечи на пет бода

    Вардар убедлив во дербито со Пелистер, шампионот останува со максимален ефект

    Вардар убедлив во дербито со Пелистер, шампионот останува со максимален ефект

    Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар

    Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    04/11/2026

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    03/11/2026

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.