Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски: Со ребалансот почнува изградбата на две нови скопски училишта
    Скопје

    Ѓорѓиевски: Со ребалансот почнува изградбата на две нови скопски училишта

    05/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје се обезбедени средства за изградба на две нови средни училишта во главниот град – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

    Според најавата, двата објекти ќе бидат изградени со сопствени средства на Град Скопје, со цел да се обезбедат подобри услови за учениците и наставниот кадар.

    „Ниту едно дете не треба да ја гради својата иднина во услови што му го одземаат достоинството. Нашите ученици заслужуваат училишта во кои ќе влегуваат со радост, ќе учат со мотивација и ќе ги развиваат своите способности“, изјави Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот посочи дека реализацијата на овие капитални проекти е резултат на намалувањето на непродуктивните расходи и подобрената наплата на приходите во градската каса.

    Тој информираше дека до 30 септември 2026 година Град Скопје реализирал капитални инвестиции во вредност од 1,1 милијарда денари, што, според него, претставува повисока реализација во споредба со исти периоди од првите години од мандатите на претходни градоначалници.

    „За само една година ги намаливме непродуктивните расходи и работевме на подобра наплата на приходите. Резултатот е конкретен – рекордни капитални инвестиции од 1,1 милијарда денари“, наведе Ѓорѓиевски.

    Тој им се заблагодари на советниците кои учествуваа во донесувањето на ребалансот, оценувајќи дека со него се создава простор за нови инфраструктурни проекти и дополнителна поддршка за граѓаните.

    Поврзани вести:

    Стрипот „Од збор до збор“ ги поврза учениците од Аеродром и Бутел

    Стрипот „Од збор до збор“ ги поврза учениците од Аеродром и Бутел

    Младите брачни парови во Скопје ќе бидат ослободени од дел од трошоците за прва куќа

    Младите брачни парови во Скопје ќе бидат ослободени од дел од трошоците за прва куќа

    26. седница на Заедничкиот консултативен комитет: Силни општини за европски квалитет на живот

    26. седница на Заедничкиот консултативен комитет: Силни општини за европски квалитет на живот

    Дел од Центар денеска без вода поради дефект на водоводната мрежа

    Дел од Центар денеска без вода поради дефект на водоводната мрежа

    Општина Центар одбележува 50 години од своето постоење

    Општина Центар одбележува 50 години од своето постоење

    (Видео) Се запали возило во близина на УЈП во Скопје, густ чад се издигаше над околните згради

    (Видео) Се запали возило во близина на УЈП во Скопје, густ чад се издигаше над околните згради

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Стрипот „Од збор до збор“ ги поврза учениците од Аеродром и Бутел

    05/11/2026

    Младите брачни парови во Скопје ќе бидат ослободени од дел од трошоците за прва куќа

    05/11/2026

    26. седница на Заедничкиот консултативен комитет: Силни општини за европски квалитет на живот

    04/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.