Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Шпанскиот министер за транспорт поднесе оставка по две тешки железнички несреќи
    Свет

    Шпанскиот министер за транспорт поднесе оставка по две тешки железнички несреќи

    04/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте поднесе оставка по две големи железнички несреќи што се случија во период од помалку од една година, во кои загинаа вкупно 115 лица.

    Пуенте ја соопшти одлуката во Мадрид, обраќајќи се пред Постојаниот комитет на Претставничкиот дом, истакнувајќи дека оставката е чин на политичка одговорност.

    „Министерот за транспорт во земја како Шпанија не може да остане на функцијата по две несреќи од ваков обем за помалку од една година. Ова важи без оглед на тоа колку се различни несреќите и дали тој сноси директна одговорност за нив или не“, изјави Пуенте.

    Последната трагедија се случи на 28 октомври во близина на Урда, во покраината Толедо, кога брз воз удри во друг брз воз кој стоел на пругата поради дефект на сигналниот систем. Во несреќата загинаа 69 лица, а повеќе од 50 беа повредени.

    Според првичните наоди од истрагата, контролниот центар во Мадрид издал дозвола за движење и покрај прекинот на автоматскиот систем за сигнализација.

    Претходно, на 18 јануари, уште една тешка железничка несреќа се случи кај Адамуз, во Андалузија. Тогаш два брзи воза се судрија откако едниот излетал од шините при промена на пругата. Во несреќата загинаа 46 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Истрагата утврди дека причината за таа трагедија бил технички дефект и оштетување на железничката инфраструктура.

    Двете големи несреќи предизвикаа силни реакции во шпанската јавност и отворија прашања за безбедноста на железничкиот систем, што на крајот резултираше со оставката на министерот за транспорт.

    Поврзани вести:

    Авион кој полета од Белград кон Москва е вратен назад – двајца политички лидери биле во авионот

    Авион кој полета од Белград кон Москва е вратен назад – двајца политички лидери биле во авионот

    Трамп: До крајот на годината ќе престане американската помош од четири милијарди долари за Израел

    Трамп: До крајот на годината ќе престане американската помош од четири милијарди долари за Израел

    Нов бран лажни дојави за бомби во Бугарија, на мета и патнички авиони

    Нов бран лажни дојави за бомби во Бугарија, на мета и патнички авиони

    Русија двапати по ред бомбардираше хуманитарен центар во Украина, најмалку 26 загинати

    Русија двапати по ред бомбардираше хуманитарен центар во Украина, најмалку 26 загинати

    САД извршија одбранбени напади врз ирански цели во Ормускиот Теснец

    САД извршија одбранбени напади врз ирански цели во Ормускиот Теснец

    Најмалку осум загинати во серија пукотници низ САД за време на викендот за Ноќта на вештерките

    Најмалку осум загинати во серија пукотници низ САД за време на викендот за Ноќта на вештерките

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Авион кој полета од Белград кон Москва е вратен назад – двајца политички лидери биле во авионот

    03/11/2026

    Трамп: До крајот на годината ќе престане американската помош од четири милијарди долари за Израел

    03/11/2026

    Нов бран лажни дојави за бомби во Бугарија, на мета и патнички авиони

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.