Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Перпарим Бајрами излегува од притвор, дадена гаранција од над 1,1 милион евра во предметот „Лотарија“
    Република

    Перпарим Бајрами излегува од притвор, дадена гаранција од над 1,1 милион евра во предметот „Лотарија“

    03/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е првообвинет во случајот „Лотарија“, ќе излезе од притвор откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од 1.140.781 евра во недвижен имот.

    Од Судот информираат дека Кривичниот совет постапувал по предлог на одбраната за замена на мерката притвор со гаранција, при што предлогот бил усвоен, а притворот укинат.

    Бајрами во предметот „Лотарија“ е обвинет за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена затворска казна до пет години.

    Против него, Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог на 13 август 2026 година. Притворот му бил определен откако бил пронајден и лишен од слобода, бидејќи претходно не бил достапен за органите на прогонот.

    Согласно Законот за кривичната постапка, притворот во овој случај не можел да трае подолго од 60 дена. Бајрами на 9 септември 2026 година самиот се јавил на издржување на мерката во КПУ Затвор Скопје, по што законскиот рок за притвор истекува на 8 ноември.

    Судот ја прифатил гаранцијата како обезбедување за неговото присуство во текот на постапката, но истовремено му определил и дополнителни мерки за претпазливост.

    На Бајрами му е одземена патната исправа, му е забрането издавање нова исправа за преминување на државната граница, а има и обврска редовно да се јавува во Судот.

    Поврзани вести:

    АВМУ: Новинарката на Алфа постапувала професионално во емисијата со Богојески

    АВМУ: Новинарката на Алфа постапувала професионално во емисијата со Богојески

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на адвокатот Шилегов за преиспитување на обвинението

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на адвокатот Шилегов за преиспитување на обвинението

    Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

    Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

    Ревизија во железница: Континуирани загуби и недомаќинско работење

    Ревизија во железница: Континуирани загуби и недомаќинско работење

    Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    Бугарија враќа пратка јаболка од Македонија поради зголемено ниво на пестициди

    Бугарија враќа пратка јаболка од Македонија поради зголемено ниво на пестициди

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    АВМУ: Новинарката на Алфа постапувала професионално во емисијата со Богојески

    03/11/2026

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на адвокатот Шилегов за преиспитување на обвинението

    03/11/2026

    Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.