Претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на одделни места врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а утринските температури ќе се движат од 6 до 11 степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне меѓу 12 и 17 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд и слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 16 степени.
Според УХМР, нестабилното и постудено време ќе се задржи и утре, кога локално се очекуваат пообилни врнежи од дожд, со повеќе од 20 литри на квадратен метар.
Од среда следува постепена стабилизација на времето. До почетокот на викендот ќе преовладува суво време со променлива облачност, која кон сабота ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, повремено засилен долж Повардарието.
